Како простуваат хороскопските знаци

Loading...

Бикот сака да се одмазди на секој што го повредил, Лавот ќе се однесува како ништо да не се случило, а Стрелецот ќе прости веднаш, но со добро објаснување и извинување.
Овенот простува само ако почувствува каење
Овенот многу брзо се навредува, но подеднакво брзо и опростува. Ако премногу го повредите постои можност неколку дена да не разговара со вас, но по одредено време и тврдоглавиот овен ќе попушти. Многу ја цени искреноста и копнее кон тоа да биде опкружен со такви луѓе. Ќе ви прости тогаш кога ќе почувствува дека другата страна се кае за своите постапки.
Одмаздољубивиот бик тешко простува
Бикот е еден многу комплексен знак што се однесува на повредата на неговото его или достоинство. Често ги прекинува пријателствата ако заклучи дека спротивната страна го разочарала или повредила. Поради својот темпераментен знак ќе започне караница и ќе му се одмазди на оној кој го повредил. Изразито е лојален и верен другар и истото го очекува за возврат. Опростува и кога ќе го потсетите зошто сте пријатели.
Близнаците не прават драми околу простувањето
Близнаците му простуваат на секој кој искрено од нив ќе побара прошка. Околу тоа никогаш не прават драми. Веруваат дека секој може да згреши. И тие лесно ги повредуваат другите, а за тоа не се ни свесни затоа што понекогаш јазикот им е подолг од паметот. Најлесно простуваат кога пријателот ќе им покаже за важноста на меѓусебниот живот.
На ракот му се потребни многу извинувања
Ракот е знак кој често го менува расположението, но сака и да се одмаздува за работи кои му нанеле болка. Тешко простува неверство или откривање на неговите тајни. Простува само ако види дека другата страна многу се труди за да се извини и добро му објасни зошто се кае. Мал знак на внимание исто така не е на одмет.
Лав: Караница? Која караница?
Лавот често може да се изненади кога пријателите ќе му кажат дека ги повредил, затоа што никогаш не размислуваат за своите постапки. Кога доаѓа до караница, само се повлекува и не сака да се меша во ниедна караница. Тој никогаш нема да се извини на другите, па не очекува ни другите да му се извинуваат на него. За лавовите најдобро е сите да се преправаат дека караницата никогаш не се ни случила.
Девицата простува само за јасно извинување
Превртливата девица е тврдоглава и често одмаздољубива. Кај неа е тешко да се извините за своите грешки, затоа што таа често ги преувеличува сите работи кои се случуваат. Од секој кој и згрешил бара јасно и гласно извинување, кое ќе потврди дека таа била во право и секако покајувачки ќе и побара простување. Дури тогаш ќе престане со преувеличувањата во својата глава и ќе размислува на одмазда.
Вагата сака да игра топло-ладно
Општо е познато дека вагата сака да прави драма околу сé. Било каков конфликт во својот живот сигурно нема добро да го поднесе. Ако барате простување од нејзе, имајте на ум дека сака “да игра топло-ладно”. Во еден момент ќе биде подготвена сé да ви прости, а веќе во другиот да се предомисли. Нејзиното размислување може да ве поттикне на мало поклонче со изненадувањето.
Може да поминат неколку години за да ви прости шкорпијата
Шкорпијата е тврдоглав знак кој тешко простува. Често заради тоа умее да ги прекине и пријателствата затоа што вклучува доза одмаздољубивост, но и другите кажуваат дека со нив нема шега. Можат да поминат и неколку години пред да прозбори со вас. Шкорпијата добро регира на било каква помош да се искачи на социјалната скала, па ако им се јавите за забава и ги запознаете со вистински личности, има шанси да ви прости некогаш во иднина.
Стрелецот смета дека секој заслужува прилика
Стрелецот е еден од знаците кои секогаш ќе им простат на сите, затоа што мисли дека секој заслужува прилика. Тој ќе ги разгледа сите приказни од сите страни. Ако пријателите му образложат зошто не биле искрени кон него и ако увиди дека не го повредиле намерно, стрелецот без проблем ќе ви прости. Разговорот за проблемот е неопходен иако лесно простува, тоа нема да помине без дебата.
Јарецот ќе се одмазди за злобните трачеви
Јарецот е многу горд и одмаздољубив знак, па не простува лесно. Сака да озборува и оние кои го повредиле би биле на мета на неговите злонамерни трачеви. Заради тоа повеќето пријатели се плашат да го повредат јарецот, затоа што знаат дека тој може многу брзо да им го уништи угледот. Подметнувањето било каква врста на подароци или пари ќе го расположи навредениот јарец.
Водолијата воглавно лесно простува
Водолијата е знак кој им простува на сите свои пријатели, затоа што себеси се смета за изразито морална и верна личност. Ако примети дека одредени пријатели поседуваат негативна енергија и лошо влијаат на неа, простувањето и понатамошното пријателство би било многу тешко. Водолијата понекогаш знае да каже дека ви простила, иако всушност не ви простила, но ако ја уверите дека сте вие виновни и искрено се извините тогаш ќе ви прости.
Рибите многу тешко простуваат
Рибите се едни од најгордите знаци во хороскопот. Многу тешко простуваат ако ги изневериле пријателите, па дури и ако ви простиле одредено време би биле на далечина. Тие се водат од својата интуиција и кога ќе почувствуваат дека треба да простат, ќе го направат тоа, но во спротивно подобро е личноста да исчезне од неговиот живот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Бикот сака да се одмазди на секој што го повредил, Лавот ќе се однесува како ништо да не се случило, а Стрелецот ќе прости веднаш, но со добро обја

loading...