Како пуканките да ги направите здрави грицки

Loading...

Можете ли да замислите гледање некој филм без пуканки во кино или на кревет? Ако потоа чувствувате грижа на совет, бидејќи не знаете дали пуканките се непријатели на нашиот организам – го имаме одговорот за вас.
Немојте да се грижите бидејќи пуканките се одличен избор за грицкање ако внимавате на исхраната.
Ако не ги јадете оние за во микробранова печка и ги подготвувате на стариот добро познат начин, со малку маснотија во тенџерето, пуканките и понатаму ќе бидат вашите омилени грицки.


Содржат многу влакна и помагаат во процесот на варење, го регулираат метаболизмот и ги отстрануваат вишокот маснотии околу крвните садови.
Поради влакната кои ги содржат, подолго ќе се чувствувате сити, а добро е да се знае и дека помагаат во чување на здравјето на срцето. Овие нискокалорични намирници можат да бидат чест избор за оброк, бидејќи, освен што го чуваат здравјето на срцето, изобилуваат со антиоксиданси кои ги наоѓаме во супернамирниците.

loading...