Како сами да направите прашок за перење алишта?

Loading...

Покрај тоа што во голема мера ќе ви го растерети куќниот буџет, доколку одлучите сами да направите прашок за перење ќе ја намалите и можноста за алергии.
За да направите сами прашок за перење, потребни ви се неколку состојки кои можете двојно или тројно да ги прилагодите според количината на алишта.
Потребни состојки:
1 сапун (пожелно да е од природни материјали)
700 gr сода бикарбона (прво загрејте ја на шпорет за дел од јаглерод диоксидот да испари – не подолго од половина час, во интервали од по 5 минути)
700 gr боракс (натриум тетраборат)
ранде
сад во кој ќе ја чувате смесата
За да направите прашок за перење, треба да го изрендате сапунот во сад во кој потоа ќе ги додадете другите суви состојки. Во смесата можете да додадете и неколку капки лимон или кора од лимон, доколку сакате вашите алишта да мирисаат поубаво.
Кога ќе ја подготвувате содата бикарбона за овој рецепт, отворете ги сите прозорците во вашиот дом за да не ве боли главата од хемиските гасови и да го намалите ризикот од труење.

loading...
Loading...