КАКО САМОЗАДОВОЛУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ВИ ПОМОГНЕ ДА ДОЖИВЕЕТЕ ОРГАЗАМ СО ПАРТНЕРОТ

Мастурбацијата не е интересна само ако сте сами (иако, да бидеме искрени, и тогаш е забавна). Но, можете и да го искористите она што сте го научиле сами и да се забавувате (и да имате повеќе оргазми) со партнерот. Ајде да зборуваме за тоа!

КАКО САМОЗАДОВОЛУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ВИ ПОМОГНЕ ДА ДОЖИВЕЕТЕ ОРГАЗАМ СО ПАРТНЕРОТ

Обучете го вашиот клиторис да биде повеќе чувствителен
Клиторисот е особено чувствителен, и во суштина може да се „истренира“ за да доживее оргазам со различни видови на стимулација. Ако сакате вашиот партнер да ве доведе до оргазам кога сте заедно, можете да го изложите вашиот клиторис на поширок спектар на возбуда кога мастурбирате. На колку повеќе начини ќе се научите да достигнете оргазам, толку полесно ќе ви биде да го достигнете со вашиот партнер.

Исто како и со машката мастурбација, има безброј начини за како да се самозадоволувате. Ако ништо ново не ви паѓа на ум, послужете се со неколку од овие предлози:

Пробајте нови движења;
Сменете ја брзината и притисокот што вообичаено го користите:
Користете различен број прсти;
Сменете ја позата. Лежењето на стомак или потпирањето на рацете и нозете се популарни кај многу жени;
Послужете се со меки предмети како перници и ќебиња за да се наместите во посакуваната поза.
Супер е да имате метод кој ви одговара и е успешен, но може да биде уште позабавно ако научите нови начини на самозадоволување. Ако ви е тешко да се префрлите на новата техника, постојат неколку работи што можете да ги направите. Прво, менувајте ги вашата стара и нова техника на секои две или три минути. Обидете се да доживеете оргазам со вашиот вообичаен метод, но точно пред да го доживеете, сменете го со новиот во последната секунда. Секојпат кога ќе мастурбирате, обидувајте се да го продолжите времето кое го минувате со новата техника. Другиот начин е целосно да заборавите на вашата стара рутина. Кога знаете дека не можете да се потпрете на неа, ќе добиете повеќе мотивација и повеќе ќе се посветите на новата техника.

Покажете му на партнерот како да го прави тоа
Нема потреба да се срамите од вашите начини на мастурбирање! Ако сакате партнерот да ве доведе до оргазам, една од најдобрите работи што можете да ја направите е да му покажете како се самозадоволувате. Жените кои маструбираат легнати на стомак, или кои користат некој тврд предмет, најчесто се посрамежливи да мастурбираат пред своите партнери отколку оние коие мастурбираат со раце и легнати на грб, но не треба да биде така. Не постои „точен“ или „погрешен“ начин на мастурбација, и нема зошто да бидете засрамени од нешто што ви причинува задоволство. Партнерот во секој случај ќе ужива во „шоуто“ што ќе му го приредите.

Започнете со мастурбирање сами неколку минути, додека вашиот партнер ве гледа. Потоа, нека партнерот ги стави рацете над вашите за да почувствува што точно правите. Можете да го правите ова без разлика дали ги користите рацете или користите вибратор. Давајте му вербален фидбек на партнерот, како „движи се во круг“ и „притисни малку повеќе“. Откако ќе сфати што треба да прави, можете и двајцата да му се посветите на клиторисот. Допирајте се самите неколку минути, потоа нека вашиот партнер нека ве допира неколку минути, и потоа повторете. Наизменичното допирање ќе му помогне на вашето тело да се навикне да биде стимулирано од друга личност.

Помогнете си самите
Исто така не е срамно да мастурбирате додека не доживеете оргазам кога сте со партнерот. Ова е одлична стратегија за жените кои не можат да доживеат оргазам со пенетрација, или оние кои имаат значително несогласување со времето на оргазам на нивните партнери. Позите како „доги“ или „каубојка“ се особено поволни за да вклучите и вибратор во играта. Исто така можете и да се задоволите себеси прво пред да почнете со односот (ова е добар совет за жените кои чувствуваат болки при секс, затоа што оргазмот ги релаксира мускулите). Можете и да го стимулирате клиторисот со раката додека имате секс. Или можете да мастурбирате и двајцата истовремено, па така на сите ќе им биде подеднакво забавно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.