„Како се осмелувате? Ми ги украдовте соништата и детството“: 16-годишна девојка им одржа лекција на светските лидери (ВИДЕО)

Loading...
„Нè изневерувате. Но, младите луѓе започнуваат да го разбираат вашето предавство. Очите на сите идни генерации се вперени во вас. Ако изберете да нè изневерите, јас велам дека никогаш нема да ви опростиме. Нема да ви дозволиме да се извлечете со ова. Токму сега и тука ја повлекуваме линијата. Светот се буди. Промените доаѓаат, без разлика дали ви се допаѓа тоа или не“ – со силни емоции рече Грета.
Самитот на тема „A Race We Can Win. A Race We Must Win“ беше свикан од Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој ги пофали младите луѓе како Грета.
„Мојата генерација не успеа да преземе одговорност за да ја заштити нашата планета. Тоа мора да се промени. Климатската криза е предизвикана од нас и решенијата за неа мора да дојдат од нас“ – истакна тој.

loading...