Како славните личности ја одржуваат витката линија?

Тие се слаби, згодни и популарни, но и тие мораат да внимаваат на прехраната за нивните тела да изгледаат совршено на големото платно. И покрај тоа што тие имаат приватни тренери и готвачи, сепак нивните совети можеме сите да ги примениме.
Анџелина Џоли – храна готвена на пареа

Кога се подготвува за улоги во акции, Анџелина секогаш јаде храна готвена без зачии и додатоци. Јаде риби, месо и зеленчук кој кога е приготвен на тој начин нема додатни калории.
Гвинет Палтроу- протеински житарки

Додека се подготвувала за улогата во филмот “Iron Man 2“, Гвинет секое утро јадела протеински житарки наместо доручек. Тие и давале сила  и и помогнале да ја постигне посакуваната фигура. Житарките и ги препорачала славната тренерка Трејси Андерсон.
Дру Баримур- намалување на порциите

„Не сакам да живеам живот кој не ми дозволува да јадам тоа што сакам“, вели Дру. Токму затоа дома има мали чинии и чаши во кои сервира мали порциии на храна, и така ја контролира својата тежина.
Хилари Даф-контрола

Хилари Даф научи мал трик од славниот тренер Харли Пастер – престанува да јаде пред да почувствува дека е најадена.
„Ако почувствувате дека сте најадени, тоа значи дека сте јаделе премногу“, вели Хилари
Џенифер Анистон – едукација

„Долго ми требаше да научам дека изгладнувањето не е пат до совршена линија. Важно е да се едуцирате за храната и да научите како да го слушате своето тело. Важно е да знаете што навистина му е потребно на телото“ изјави Џенифер.
Џесика Алба- нискокалорични десерти

И покрај тоа што е природно многи витка, Џесика целосно ги избегнува слатките десерти и шеќерот. Всушност во нејзиното семејство речиси сите имаат проблем со високиот холестерол. Сепак кога ќе посака нешто слатко, таа избира смрзнат јогурт или сушено овошје
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Тие се слаби, згодни и популарни, но и тие мораат да внимаваат на прехраната за нивните тела да изгледаат совршено на големото платно. И покрај тоа