Како телото ве предупредува дека јадете премногу сирење?

Loading...

Консумирањето на растителни масти е добро за нашето тело, но треба да знаете кој вид на масти треба да ги јадете бидејќи прекумерното консумирање на сирење може да биде многу опасно.
Сирењето е млечен производ кој се добива од млеко, што значи дека содржи млечни масти. Во 30 г чедар има околу 9 г масти(што е за 13% од препорачаната дневна вредност) и 6 г заситени масти(30% од препорачаната дневна доза).
И покрај тоа што нутриционистите препорачуваат да не јадете толку млечни производи, студиите покажаа дека млечните производи како сирење и кашкавал не само што се сметаат за здрав извор на протеини и масти туку и можат да ви помогнат да ги намалите воспаленијата во телото.

Со консумирање на млечни производи внесувате хранливи состојки како што се калциум и витамин Д.
Сирењето содржи голема количина на масти, па затоа треба да внимавате да не претерате со консумација на сирење. За возрасните се препорачува да земаат само 10% од вкупниот внес на калории во текот на денот.
Според The American Heart Association количината на заситени масти треба да биде уште пониска – само 5 до 6 % од вкупниот внес на калории.
Треба да знаете дека со консумирање на сирење се зголемува и растот на лош холестерол во телото, а може да се зголеми и ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.
Вишокот килограми е еден од првите знаци кои сигнализираат дека јадете премногу сирење. Тоа е веројатно поради големата количина на заситени масти кои ги внесувате постојано.

loading...