Како хороскопските знаци се справуваат со досадата?

Loading...

Без оглед на тоа колку активен живот водиме, на сите понекогаш ни е здодевно. Секој се справува со досадата на различен начин, но дознајте како влијае на тоа вашиот хороскопски знак.
Овен
Кога им е здодевно заминуваат на тренинг, трчање или возат велосипед. Доколку не им се спортува се дружат со пријателите.
Бик
Нивниот лек против досада е читање весници, пиење кафе односно сите активности кои ќе им помогнат да се опуштат и да се наполнат со енергија.
Близнаци
Припадниците на овој знак често влегуваат во расправии кога им е здодевно, само за да се случува нешто. Лек против досада им е забава со нови луѓе.
Рак
Раковите како да се имуни на досада и благодарение на нивниот талент можат многу лесно да најдат занимација за да не им е здодевно.
Лав
На Лавовите не им е проблем да бидат летаргични и да уживаат. Сакаат да лежат, да се сончаат со часови во лето, да пијат кафе со пријателите. Кога им е здодевно бараат интересен партнер со кого ќе уживаат.
Девица
Девиците обожаваат да одат во маркет, да се шетаат и да не се дома кога им е здодевно.
Вага
Кога се сами дома и кога им е досадно, најчесто посветуваат време за нега – купка, маникир, педикир.
Скорпија
Кога им е здодевно посветуваат време на нивното хоби и не сакаат никој да ги вознемирува.
Стрелец
Потребни им се авантури и промени, но кога им е досадно дома, мора да најдат друго решение. Најчесто го преуредуваат домот.
Јарец
Вие сметате дека постојно мора да сте продуктивни, па зборот „досада“ не постои во вашиот речник.
Водолија
Кога им е здодевно, времето го поминуваат во готвење.
Риби
Познати се како уметнички души, па кога им е здодевно читаат книга, цртаат, пишуваат поезија.

loading...
Loading...