Како јадењето месо и пиењето алкохол станале христијански обичај?

Loading...

Во ранохристијанските заедници во Палестина, Византија, Грција, Картагина и Александрија, пиењето алхохол и јадењето месо не биле дозволени.
Тогашните христијани го црпеле своето знаење од Христовото учење и многубројните списи кои во тоа време биле достапни, за подоцна голем дел од тоа да биде запоставено или во целост отфрлено од страна на западното христијанство со центар во Рим.
Христијаните кои се доселувале во Рим морале да се приспособуваат на нехристијанскиот, римски начин на живот за да ги избегнат прогонувањата кои биле организирани ширум Римското Царство.
Кога царот Константин ( 280-337.) се покрстил решил дека римската форма на христијанство треба да стане религија на граѓаните на целото негово царство.
Во 325. година царот Константин го свикал Никејскиот сабор каде на неколкумина учени луѓе (correctores-коректори) им дал задача да ги “поправат“ бројните ранохристијански документи за Христовиот живот и учење. Само четири од многубројните изворни сведоштва биле признати како Евангелија, но ниту тогаш не биле едногласно прифатени. Дури половина век подоцна (382.година) папата Дамасие признал еден многу пати преработен избор на канонски текстови како “Нов Завет“.
Што вели истражувачот на раното христијанство Г. Оусли?
Овие коректори многу педантно и внимателно ги отстраниле сите делови од Евангелието кои содржеле учења до кои тие или царот Константин не сакале да се придржуваат. Тоа пред се се однесува на забраната за јадење месо и пиење алкохолни пијалаци.
Изворните христијани кои и понатаму живееле според Христовите заповеди (не јаделе месо и не пиле алкохол) не сакале да му се подредат на новото христијанство. Тие морале да се кријат од своите “браќа по вера“, затоа што царот Константин не поднесувал непослушност или критики.
Така по д патронат на царот Константин и неговите следбеници почнало да се шири новото христијанство, а јадењето месо и пиењето алкохол станале христијански обичај.

loading...