Калцоне со моцарела и шунка

Loading...

Потребни состојки:
Тесто за пица
1 шолја пелат домати
1 шолја рикота
1 шолја моцарела
½ шолја рендана шунка
Маслиново масло
Сол


Начин на подготовка:
Тестото за пица поделете го на 4 дела. На набрашнета работна површина расукајте едно парче од тестото. Ставете 1 лажица од пелат доматите, потоа ставете рикота, шунка и рендана моцарела.
Преклопете го тестото на половина, премачкајте ги краевите со вода, а потоа притиснете го тестото со вилушка. Повторете ја постапката со преостанатото тесто.
Ставете го калцонето во подготвената тава, премачкајте со масло и посолете.
Печете додека да добијат злaтно-кафеава боја.

loading...