Каменов: „Антителата не значат дека луѓето целосно се заштитени од коронавирусот“

Loading...

Имунологот Борислав Каменов изјавил дека антителата на коронавирусот кои што граѓаните ги имаат во својот организам не значат дека се целосно имуни на разболување од Ковид-19.
Тој исто така потсетил дека постојат многубројни случаи ширум светот кои што покажуваат дека една личност и покрај тоа што ја прележала заразата – повторно се разболела од истата.
„Верувам во тоа дека некои од луѓето имаат подобра заштита и без антитела, а многумина и со антитела ја немаат потребната заштита од вирусот“, истакнал тој.
Дел од истражувањата кои што биле направени во соседна Србија покажале дека секој петти жител на Србија има антитела на коронавирусот, а најмногу отпорни се младите до 19 години.
Податоците биле собрани во текот на вториот бран на коронавирусот во Србија, што значи дека бројките покажуваат колкав е имунитетот на граѓаните таму.


„Тоа може да биде реално. Сè зависи од критериумите кои што се користени при спроведувањето на истражувањата. Се проверуваат антителата, се бираат луѓе, постојат критериуми за тоа кај кои старосни групи е сето тоа застапено. Прашањето е дали кога човекот ќе стекне антитела истиот е заштитен од вирусот. Се случуваше некој да има антитела, но повторно да се разболи. Тоа практично значи дека не сме сигурни дека антителата се адекватна заштита од вирусот, или пак тие нè штитат само одредено време“, изјавил Каменов, пренесува „N1“.
Според неговите зборови, временскиот период во кој што антитела нè штитат од вирусот може да биде многу краток, односно подолг, а тој смета дека тоа е индивидуално прашање.

loading...