Камо да ги слушнела предупредувањата, ќе се спасела од ајкулите

Loading...

Дваесет и едногодишната Џордан Линдси била нападната од три ајкули додека нуркала со своето семејство, соопштила полицијата на Бахами, а пренесе АП. Нејзините родители и останатите членови од семејството ги забележале ајкулите и се обиделе да ја предупредат Џордан, но таа не ги слушната повиците од семејството на време.
Официјални претставници од полицијата изјавиле дека девојката била изгризана по целото тело и дека десната рака и биле откината од телото.
Џордан Линдси била прогласена за мртва во болница, а Министерството за туризам на Бахамите изразило најдлабоко сочувство на семејството.

 

loading...