„Камп Ноу“ е подготвен веднаш да поднесе тужба против Меси

Loading...

Раководството на Барселона е решено да ги бара своите права во драмата со Лионел Меси. Според „Кадена СЕР“, Каталонците веднаш ќе поднесат тужба против играчот и неговиот можен нов клуб.
Вообичаена практика во ситуација како што е моменталната, ФИФА да му даде на играчот дозвола да потпише со друг клуб, без претходно сите спорови со неговиот поранешен тим да бидат решени. Ова е направено така што спортистот може да ја практикува својата професија и да не мора да чека долго време поради често незгодната постапка за решавање на правни спорови.
Од „Камп Ноу“ се категорични во ставот дека би се разделиле од Меси само доколку некој ја плати неговата откупна клаузула од 700 милиони евра. Шпанската фудбалска лига, каде се депонирани договорите на играчите, исто така тврди дека нема начин Лео да замине како слободен агент.

loading...