КАМ, ВЕРО, СТОКОМАК, КИППЕР… КОЈ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ МАРКЕТИ ДАВА НАЈГОЛЕМИ ПЛАТИ, КОЈ НАЈМАЛИ?

ПАРИ АНАЛИЗА | Касиери, продавачи, редачи на роба и магационери – се работните позиции кои газдите на трговските синџири постојано ги огласуваат. Според работодавачите тешко се наоѓа добар работник, а уште потешко се задржува. Но зошто е тоа така?

Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк ги стави „под лупа“ платите во најголемите трговски синџири кои се дел и од 100-те најголеми фирми по приход во Македонија. Податоците покажуваат дека компанијата која прави најголем приход, односно кај која најмногу пазарат граѓаните, а тоа е „Кам“,  најмногу ги плаќа своите вработени, а компанијата која прави најголема добивка, а тоа е „Верополус“ – дава најмали плати, судејќи според просекот исплатен во 2021 година.

Плати во трговските синџири

(во денари)

КОМПАНИЈАПРОСЕЧНА ПЛАТА 2021ПРОСЕЧНА ПЛАТА 2020РАСТ 2021/2020
Кам26.167,7224.714,196%
Стокомак22.885,2821.526,326%
Тинекс22.471,4521.536,654%
Рамстор22.293.6323.824,56-6%
Жито22.053,0520.848,266%
Кит-го20.947,1420.833,831%
Киппер20.362,7518.617,699%
Верополус19.978,8017.846,6412%

Извор: БизниМрежа.Мк

Во „Кам“ минатата година просечната плата била 26.167 денари е тоа е скок од 6 проценти во однос на просекот од 2020 година. „Кам“ деновиве се пофали и дека веќе почнува исплата на регрес за вработени од 33.000 денари, како и дека во април реализирал зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%. „ Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари“.

Кам минатата година ја завршил со добивка од 5 милиони евра.

​(во евра)

КомпанијаПриходДобивкаВработени
Кам187.500.0005.000.0001.122

Извор: БизниМрежа.Мк

Шест проценти раст во однос на 2021 година, имале и вработените во „Стокомак“ и минатата година нивната просечна плата била 22.825 денари. Лани, 563 работници учествувале во креирање на добивката од 3,6 милиони евра.

(во евра)

КомпанијаПриходДобивкаВработени
Стокомак94.500.0003.600.000563

Извор: БизниМрежа.Мк

Зад „Стокомак“ по просечна плата е „Тинекс“. Овој познат трговски синџир имал поголем промет од „Стокомак“, но помала добивка и помала просечна плата. Просечната плата на вработените се зголемила за 4 проценти и лани била 22.471 денар.

(во евра)

КомпанијаПриходДобивкаВработени
Тинекс102.700.0002.600.0001.480

Извор: БизниМрежа.Мк

Многу слични како во „Тинекс“ се и платите во „Рамстор“. Но, ова е единствениот трговски синџир кој евидентирал намалување на просечната плата во 2021 година во однос на 2020 година. Намалувањето е 6 проценти,со што ланскиот просек на платите бил 22.293 денари. „Рамстор“ минатата година имал добивка од 1,4 милиони евра, и таа е значително поголема отколку во 2020 година кога добивката била 300.000 евра, но сепак податокот за просечната исплатена нето плата покажува нејзино намалување.

(во евра)

КомпанијаПриходДобивкаВработени
Рамстор53.400.0001.400.000728

Извор: БизниМрежа.Мк

„Жито“ лани имал добивка од 1.150.000 евра благодарение на релизиран приход од 58,4 милиони денари создаден од 891 вработен. „Жито“ му избегал на „Рамстор“ по приходите, но не и по добивката, па малку заостанува и зад просечната плата и лани исплатиле просечна плата од 22.053 денари.

(во евра)

КомпанијаПриходДобивкаВработени
Жито58.400.0001.150.000891

Извор: БизниМрежа.Мк

„Кит-го“ има поголема добивка и од „Жито“ и од „Рамстор“ но трговската фирма поделила помала просечната плата и таа во текот на минатата година изнесувала 20.362 денари.

(во евра)

КомпанијаПриходДобивкаВработени
Кит-го67.500.0002.200.000783

Извор: БизниМрежа.Мк

„Кипер“ е трета компанија по приход и трета по добивка на листата на трговски синџири, според податоците за 2021 година, но во однос на просечната плата е на седмата позиција. Лани, во оваа компанија прсечната плата била 20.362 денари при раст на плати за 9 процети во однос на 2020 година.

(во евра)

КомпанијаПриходДобивкаВработени
Киппер99.300.0004.790.000748

Извор: БизниМрежа.Мк

Верополус“ е шампион по ланската добивка меѓу трговските фирми. Лани, со вкупен приход од 86,7 милиони евра, „Верополус“ направил добивка од 10,3 милиони евра. Но, токму во оваа компанија е и најниската просечна плата од 19.978 денари и покрај тоа што таму има највисок годишен раст на просечната плата во однос на сите други трговски синџири и тој раст изнесувал 12 проценти.

(во евра)

КомпанијаПриходДобивкаВработени
Верополус86.700.0004.790.000979

Извор: БизниМрежа.Мк
Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/kam-najgolemi-palti-marketi/

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.