Канадскиот Кардинал смета дека другите би биле подобри за Папа

Loading...

Канадскиот кардинал Марк Уеле кого го сметаат за многу веројатен наследник на папата Бенедеикт Шеснаесетти изјави во понеделникот дека мора да биде подготвен на сѐ, оценувајќи дека добар број други кардинали би имале повеќе можности од него да бидат избрани.

 „Позицијата којашто во моментот ја заземам во Црквата е причината поради кое моето име се врти', изјави кардиналот Марк Уеле за канадското радио. Меѓутоа, вели и дека „не можам а да не размислувам за можноста” одговарајќи на прашањето за можноста да да го наследи папата.
„Разбирливо, кога влегувам во конклавите морам да си кажам ‘што ако сепак…' Признавам дека тоа ме поттикнува на размислување, на молитва, но помалку и ме плаши. Потполно сум свесен за тежината на задачата”, додал канадскиот кардинал.
„Значи, морам да бидам подготвен на секоја можност, но верувам дека постои одреден број луѓе кои имаат повеќе изгледи од мене да бидат избрани”, изјавил уште Уеле.
Што се однесува до новиот папа, тој секако мора да биде „помлад”, но пред сѐ мора да знае да комуницира со новите медиуми чијашто „експлозија” има големо влијание врз младите.
„Навистина мораме да најдеме начини да бидеме присутни во новите медиуми, да ги сфатиме и да се изразиме преку нив… Тоа е големо поле за работа за Црквата и за папата”, заклучува кардиналот Уеле, изразувајќи жалење што уште немал време за учество на социјалните мрежи.
Makфакс
Канадскиот кардинал Марк Уеле кого го сметаат за многу веројатен наследник на папата Бенедеикт

loading...