Кандидатот за уставен судија Родна Живковска била донатор на ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот син е претседател на Совет на општина Кисела Вода

Предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за уставен судија, Родна Живковска не е личност која нема допирни точки со политиката, туку напротив, таа е донатор на ВМРО-ДПМНЕ, порача пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски на денешната седница на Комисијата за прашањата за изборите и именувањата.

Големо прашање е дали за уставни судии треба да избираме истакнати партиски активисти. Каде по изборот ќе лежи нивната лојалност?

Родна Живковска не е личност која нема допирни точки со политиката, туку напротив, таа е донатор на ВМРО-ДПМНЕ

„Професорката Родна Живковска е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. На 14 февруари 2020 година, таа уплатила 25.000 денари на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така многу е битно да се спомене дека нејзиниот син, Иван Живковски е претседател на Советот на општина Кисела Вода. Покрај тоа што е претседател на Советот, Иван Живковски склучил договор со ЈП лајка за адвокатски услуги што претставува судир на интереси“ изјави Костовски. И додаде: за уставни судии треба да се изберат професионални кадри кои немаат никаква врска со политички партии.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.