Канје ја изневерува бремената Ким

Loading...

Канадски модел тврди дека раперот Канје Вест, моменталното момче на Ким Кардашијан, како и татко на нејзиното неродено бебе, имал афера со неа откако се запознале по завршувањето на некој од неговите настапи.
24-годишната Лејла Гобади вели дека таа е во врска со раперот уште од Јули 2012, а врската не престанала дури и откако Ким ја објавила нејзината бременост. Таа за списанието „Star” вели дека многу жали што мора ова јавно да го објавува бидејќи не сака да ја повреди Ким, но вели дека доколку таа би била бремена од некој, а тој човек не бил искрен со неа, тогаш би сакала да знае, па решила да излезе во јавноста со вистината.

Претставниците на Ким ги негираат изјавите на моделот, но иако и Ким била присутна на концертот на кој се вели дека Канје ја запознал канаѓанката, тој ја поканил неа, а не Ким бекстејџ, а подоцна и во неговата хотелска соба.

За да ја зачини уште повеќе ситуацијата преубавата Лејла за „Star” изјавила и дека раперот потврдил дека неговата врска со Ким е исклучиво за публиката и дека не е воопшто сериозна. Исто така, додала дека тој ја побарал минатата недела за да се видат во Мајами, но таа го одбила кажувајќи му дека никогаш не би направила нешто толку страшно на некому, како на Ким.
Ким и Канје се заедно 8 месеци, а на недамнешната забава по повод раѓањето на нивното бебе, покрај многуте познати личности присуствуваа и родителите на Канје. Во последно време Ким не е задоволна од количината на време што го поминува со Канје, па можеби и таа претчувствувала нешто.
 Канадски модел тврди дека раперот Канје Вест, моменталното момче на Ким Кардашијан, како и татко на нејзиното неродено

loading...
Loading...