Капри во Италија – романса и драма од синило и мирис на лимонови цветови

Loading...

Сигурно сте слушнале за островот Капри. Тоа е местото каде славниот Одисеј на Хомер ги пронајде убавите сирени. А, можеби сте ја гледале и истоимената ТВ серија која беше емитувана на нашите телевизии па оттаму сте се заљубиле во овој неверојатен остров.

Капри е карпест италијански остров кој се наоѓа во јужниот дел на Италија, во близина на јужниот влез во заливот на Наполи. Овој остров е мал, отприлика 10 на 6 километри.

Населен е уште од предисториски времиња, кога бил грчка колонија на императорите во раните години на Романското царство. А, низ годините до денес многу познати императори и цареви живееле на Капри. Токму затоа и денес е едно од највозбудливите места за посетување, бидејќи островот раскажува милион различни приказни.

Капри нуди волшебни погледи кон најсиното море кое го имате некогаш видено. Прекрасна арома на лимонови цветови и богата вегетација која вирее поради благата клима и покрај тоа што поголемиот дел од островот е карпест. Има богата вегетација и голем број на хотели и преубави плажи.

Иако можеби нема да пронајдете сирена за да ве маѓепса со својата песна, како Одисеј, Капри ќе ве маѓепса сам по себе со неверојатните убавини што ги нуди. 

Сигурно сте слушнале за островот Капри. Тоа е местото каде славниот Одисеј на Хомер ги пронајде убавите сирени. А, мож

loading...
Loading...