Каратист осуден на 302 години затвор за силување ученици

Loading...

За да биде подобар каратист, Фернандо Торес Бане, силувал повеќе свои ученици во школата за боречки вештини, а шпанскиот суд му изрече казна од 302 години затвор, пренесоа шпанските медиуми.

Судијата, читајќи ја пресудата рече дека Бане правел оргии во училиштето и во својата куќа во Лас Палмас во кои учествувале малолетници, а им зборувал дека сексот ќе им помогне да бидат подобри во каратето.
 
Торес доби казан од 302 години затвор, по 35 точки од обвинението за сексуално злоставување и 13 за корупција на малолетници во синџир на педофилија во кој се силувани 40 деца, од кои некои имале помалку од 13 години, пренесе AFP.
 
Неговата сопруга, Марија Хозе Гонзалес е осудена на 148 години затвор, а професорката по карате, Ивона Гонзалес на 126 години, откако се утврдило дека двете учествувале во злоставувањето.
 
Тројцата најверојатно ќе одлежат затвор по 20 години, што е максимум според шпанските затвори закони, но судијата во својата пресуда вели дека тоа е недоволно.
 
Торес правел сексуални оргии во кои младите не само што морале со него да имаат разни сексуални активности туку тоа морале да го прават и со останатите ученици од кои дел се малолетни, без оглед на годините, полот или бројот на учесници.
 
Петнаесетгодишното сексуално злоставување на Торес претставува случај без преседан во правосудството на Шпанија, смета судијата.
 
Покрај затворските казни, судијата им нареди на осудените да платат и парични казни од 10 до 50.000 евра на секоја жртва.
Макфакс
За да биде подобар каратист, Фернандо Торес Бане, силувал повеќе свои ученици во школата за бо

loading...
Loading...