Карлеуша го прослави роденденот на ќерките- многумина ја осудија за подарокот кој им го купи, додека Душко Тошиќ го нарече вистински татко

Српската пејачка Јелена Карлеуша вчера го прослави роденденот на двете ќерки кои се разлика една година меѓу себе.
Имено Карлеуша само без присуство на Душко Тошиќ го прослави 11-от и 10-от роденден на Атина и Ника кои се родени на 7 септември.


-Со гордост можам да кажам дека моите ќерки се многу скромни, девојчиња кои не сакаат ништо. Тоа се деца кои што имаат се и не сакаат ништо. Сега само посакаа убава забава и полно другарчиња, а мама го направи тоа за нив, вели Калреуша за српски Телеграф.


Таа додава дека нејзините ќерки на подарок ја добиле целата оваа организација, а татко им е како и секој татко некој кој сето ова им го овозможи, но вели и дека на Атина и купила make up куферче полно со шминки, додека Ника добила две огромни вреќи играчки кои она ги сака.
Сепак според мноигумина фанови таа претерала со подароците, особено со make up куферчето, бидејќи нејзините ќерки се се уште мали за шминкање.

Loading...