Карлеуша го суреди Врањеш: Огњен немаше друг излез освен да се разведе, ќе плаќа 3.000 евра алиментација!

Loading...

Во понеделникот босанскиот фудбалер Огњен Врањеш и неговата сопруга Данијела и официјално се разведоа. По осум години брак и аферата со Јелена Карлеуша која со месеци го тресеше Балканот Врањеш е слободен човек, пишува курир.рс. Парот се развел на мирен начин, поранешните сопружници заради нивната ќерка останале во добри односи, а Огњен ќе плаќа алиментација од 3. 000 евра месечно.
– Огњен и Даниела веќе не се во брак, сега се слободни и можат да им се посветат на своите животи. Процесот кој траеше неколку месеци заврши во понеделникот. Се помина како што треба затоа што двете страни се согласија дека за нив е најдобро да не бидат во формална заедница. Последниве години беа под тензија и тие никако не можеа да функционираат како брачен пар, а чашата ја прели врската на Огњен со фол ѕвездата. Данијела не сакаше да го толерира тоа и поднесе барање за равод. Сега случајот е затворен и заради детето одлучија да останат во добри односи.  Се разделија на мирен начин и веруваат дека ќе фунционираат подобро отколку во заедница, информира изворот додавајќи дека Врањеш е посветен татко и вели: “Огњен помина низ пекол откако во медиумите како бомба одекна веста дека е во врска со Јелена Карлеуша. Остана без жена, беше исфрлен од репрезетанцијата, а мораше да го напушти и “Андерлехт“, фудбалскиот клуб во кој тогаш играше. Се му тргне низводно. Но, сега работите полека се враќаат во нормала. Се врати во саканиот клуб АЕК, репрезентацијата сака повторно да и се врати, а со сопругата е во подобри односи отколку кога беа заедно. Огњен гради подобар живот во Грција, ќерката постојано го посетува и сега е во најдобар ред, вели изворот. Овие сознанија ги потврди и Врањеш.
– Вистина е дека со поранешната сопруга ставив точка на бракот. Сега и официјално сме разведени. Мојата поранешна сопруга има барем малку достоинство, за разлика од некои. Имаме прекрасно дете и ќе направиме се заради ќеркичката да бидеме во одлични односи“ вели спортистот за курир.рс.
Познатиот фудбалер ги коментира и шпекулациите дека бил со пејачки.
“Пејачките не ме интеренсираат. Бев со оние со кои сакав да бидам. Тие кои се фалат дека сум ги бркал тоа го прават за преку моето име да привлечат внимание, користејќи ја ситуацијата која беше актуелна“, завршува Врањеш.

 

loading...