Денес на 3 март се навршуваат три години од смртта на некогашната српска радио водителка Дивна Карлеуша, мајката на пејачката Јелена Карлеуша.
Прва на нејзиниот гроб пристигнала нејзината сестра Јелена, тетката на пејачката, а потоа и таткото на Јелена, Драган Карлеуша.
По нив, пристигна и Јелена заедно со двете ќерки Ника и Атина, а пристигнаа и најблиските пријатели за да го одбележат овој ден.
На гробот пејачката инаку донесе три икебани во форма на срце симболизирајќи го датумот и годините кои се поминати од нејзината смрт.