КАРМА: Ја поддржуваше ќерката Луна додека растураше нечиј брак, а Анабела сега се разведе поради згодна прељубничка

Kако гром од ведро небо, одекна веста дека пејачката Анабела Атијас (порано Џогани) се разведе од сопругот Андреј по седум години брак.
Пејачката ексклузивно разговараше со Пинк.рс и призна дека веќе подолго време не живее со таткото на нејзината ќерка Бланкица и дека неодамна и официјално е слободна.
-Се разведовме. Не успеавме. Се боревме како лавови и сега сме најдобри пријатели. Ќерката е најважна за нас, само ми е важно таа да е добро. Се разведовме пред околу две недели, но, не живееме заедно долго време, призна Анабела.


Иако во 90-тите беше член на една од најславните групи Фанки-Џи, Анабела е најприсутна во медиумите минативе две години. Всушност откако нејзината ќерка Луна беше две години дел од „Задруга“.
Во куси црти, Луна во првата сезона влезе во врска со оженет човек, чија сопруга Кија Коцкар беше со нив во иста куќа. за време на таа скандалозна афера, Анабела жестоко ја поддржуваше Луна која беше љубовница на Слободан Радановиќ. Со тоа го навлече гневот кај публиката.
Така, деновиве објавувајќи фотографии од девојката со која наводно Андреј ја изневерувал Анабела, сите коментираат дека тоа е „Карма“!
Ова е девојката која најверојатно е причината за овој развод.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mina (@mina_mateljan) on

Loading...