Катица Јанева денес на распит за “Рекет“ во ОЈО

Денес во 10 часот Катица Јанева, специјална обвинителка во оставка ќе треба да  одоговори на повеќе прашања кои се отворија во јавноста, откако минатиот месец беше отворен случајот “Рекет”, во кој засега за рекетирање на бизнисмени се обвинети Бојан Јовановски и Зоран Милески.
Откако jавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека инволвираните во случајот “Рекет” ќе бидат неселективно сослушани или распитани, денеска на разговор со обвинителката Вилма Русковска, која го води предметот, се очекува специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева.
Таа ќе треба да даде одоговор на повеќе прашања кои се отворија во јавноста, откако минатиот месец беше отворен случајот “Рекет”, во кој засега за рекетирање на бизнисмени се обвинети Бојан Јовановски и Зоран Милески.
И додека некои се на мислење дека Јанева требаше веднаш да биде суспендирана по отворањето на “Рекет”, таа минатата недела се врати од годишен одмор и од 12 август е на работа.

Loading...