Кафе и сладолед 500 денари: Сметка од еден хрватски остров ги “распламти“ луѓето на Фејсбук

Откако на Фејсбук завршила фотографијата од сметка од едно хрватско кафуле кое што се наоѓа на далматински остров, започнала вистинска полемика.
На сметката пишува дека цената на капучино и сладолет е околу 500 денари. Поточно два сладоледи чинеле околу 350 денари, а капучиното околу 250 денари.
И додека некои коментирале дека тоа е премногу, други коментирале дека “задоволството се плаќа“.
На многумина не им било јасно зошто ваквите фотографии воопшто се објавуваат што е чест случај на социјалните мрежи.


„Јас не се сеќавам некој од моите пријатели кои што биле на патување во Лондон, Амстердам, Барселона, Париз, дошле и ми рекле: “Леле колкава сметка платив таму?““.
„Затоа постои ценовник, прво се информираш, погледнуваш… Лично, тоа фотографирање сметки од кафулиња повеќе ми е фолирање. Малограѓанштина во секој случај“ – некои од коментарите.

Loading...