Кафуле во Рим во кое разговорите за коронавирусот се строго забранети

Loading...

Натписот над шанкот е јасен- забрането е да зборувате за коронавирусот и за сè што е поврзано со него.
Менаџерка на мало кафуле во предградие во Рим сака да им овозможи на гостите да уживаат и барем на кратко да заборават на пандемијата.


„Веќе со месеци наназад се зборува само за пандемијата, па ние одлучивме да ја подобриме атмосферата“, вели Кристина Матиоли, менаџерката на кафулето „Feeling“.


Италија е првата европска земја во која се појави коронавирусот, и земја која го претрпе најдолгиот и најстрогиот карантин.
„Ние не го негираме постоењето на вирусот, но сакаме луѓето да не размислуваат за тоа додека пијат кафе“, рече Матиоли.
Повеќето од гостите гледаат позитивно на оваа забрана.
Сепак, во кафулето се почитуваат сите правила за заштита од коронавирусот.

loading...