Кацин: Ситуацијата во БиХ е посериозна од статусот на Косово

Loading...

Ситуацијата во Босна и Херцеговина(БиХ) е најголем проблем на подрачјето на западен Балкан, посериозна и од статусот на Косово, а за да се реши, потребен е притисок и организирана акција на меѓународната заедница.

Ова во интервјуто објавено во вторник во бањалучкиот весник „Независне новине” го оценува словенечкиот европратеник Јелко Кацин.
„Важен дијалог меѓу Бањалука и Сараево и натаму нема и затоа притисокот и организираната акција на меѓународната заедница се нужни. Црна Гора одлично работи и напредува кон влезот во НАТО следната година, а БиХ, како ментално и географски да се наоѓа некаде зад Урал”, вели Кацин.
Според Кацин, потребно е да се менува Дејтонскиот договор склучен 1995 година.
„Дејтонскиот устав мора да се менува за да се осигура функционалност на БиХ и нејзината европска иднина”, оцени Кацин, при тоа додавајќи дека пред тоа Европската унија(ЕУ) малку може да стори за да и помогне на БиХ.
Кацин спомена дека Брисел, на пример, на БиХ може да и понуди финансиска поддршка преку претпристапните фондови, но може да наметне и санкции против некои политичари кои ги смета одговорни за застојот, како што беше случајот со Белорусија.
Макфакс
Ситуацијата во Босна и Херцеговина(БиХ) е најголем проблем на подрачјето на западен Балкан, посериозна и од статусот на Кос

loading...