Кај Компс во Франција се урна аквадукт

Loading...

Аквадуктот изграден пред повеќе од едно столетие во местото Компс во близина на францускиот град Ним синоќа се урна. За среќа нема жртви. Осум аркади од камениот аквадукт, изграден меѓу 1892 и 1900. година за пренос на вода од реката Рона до Ним, одеднаш се урнале околу 22 часот, јави дописникот на МИА. Според информациите на локалните пожарникари 200 метри долгата структура „одеднаш се распаднала во должина од повеќе од стотина метри“.
Истата информација ја пренел и градоначалникот на Компс, дополнувајќи дека уривањето предизвикало заглушувачка бучава.
Како што јавува дневниот весник „Миди либре”, градоначалникот на Компс, кој живее во близина на аквадуктот, откако ја слушнал ”заглушувачката бучава, побарал помош. Спасувачки тим со кучиња за трагање и со термо-камера ги пребарале урнатините. За среќа, по проверката било утврдено дека во урнатините нема жртви. Материјалната штета ќе се утврдува дополнително.

loading...