Кај Табановце приведен скопјанец, од “Ауди“ истоварал 10 мигранти од Сирија

На автопатот Куманово – Скопје вчера во 4:40 часот полициски службеници го привеле Б.И.(47) од Скопје поради тоа што во 4:30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин “Табановце“ од неговото возило “Ауди С-8“ со скопски регистарски ознаки, истоварал 10 мигранти од Сирија.
Мигрантите заедно со возачот се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

 

Loading...