Кај Хвар се урна спортски авион, туристи го спасија пилотот

Помал спортски авион се урна вчера околу 15 часот кај Хвар, а пилотот, инаку германски државјанин, успеал да се спаси.
Авионот се урна меѓу Сплитски Врати и Хвар. Пилотот е спасен и моторна јахта по наш налог го донесе во пристаништето Хвар, рекоа од службата за трагање и спасување на море.
На јахтата имало словенечки туристи, а спортскиот авион летал од Дубровник кон Лошињ.

 

 

Loading...