Кефирот го намалува крвниот притисок

Кефирот може да има позитивно дејство во намалување на крвниот притисок, покажале резултатите од новите студии.

Кефирот е густо пробиотичко млеко кое е одлично за дигестивниот систем и за одржувањето на позитивните бактерии.

Кефирот го намалува крвниот притисок

Претходните истражувања покажале дека нерамнотежата меѓу бактериите во организмот може да предизвикаат висок притисок кај некои луѓе. Од друга страна докажано е дека пробиотиците го намалуваат крвниот притисок, но на кој начин досега не било познато.

Истражувачки тим од Универзитетот Обрун во Алабама во соработка со Универзитетот Вила Веља од Бразил направил експеримент во кој учествувале три групи на луѓе за да откријат точно на кој начин кефирот може да го намали крвниот притисок.

-едната група имала хипертензија и пиела кефир

-втората група имала хипертензија и не пиела кефир

-третата група имала нормален крвен притисок и не пиела кефир

По девет недели пиење кефир, се утврдило дека првата група имала пониско ниво на ендотоксини, низок крвен притисок и подобрена пропустливост на цревата во споредба со групата која не пиела кефир.

Покрај тоа редовното пиење на кефир ја обновила рамнотежата на четири различни бактерии во цревата и ензимата во мозокот неопходна за нормално функционирање на нервниот систем, што укажува дека нервниот и дигестивниот систем работат заедно за да ја намалат хипертензијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.