Кечапот предизвикува покачување на притисокот и срцеви заболувања

Loading...

Лажица кечап содржи повеќе калории од една бисквита со чоколадо. Тоа значи дека нашиот омилен додаток за помфрит и пица воопшто не е здрав за јадење, објави порталот „Делиш“.
И текстурата на кечапот е необична… За разлика од мајонезот кој е доста гладок, кечапот е поредок и создава неред, посебно ако во шишето останало малку, па последните остатоци од содржината излегува со прскање.


Освен шеќер, кечапот содржи и големо количество сол која го поттикнува задржувањето вода во телото. Прекумерната употреба на тој додаток во исхраната може да предизвика зголемен крвен притисок, срцеви проблеми, инфаркт и мозочен удар.
Ова претежно се однесува на фабричкиот кечап, па стручните лица препорачуваат – наместо тоа, луѓето да користат домашно направен кечап.

loading...