Киев: За еден месец беа ослободени повеќе од 600 населби

Украинските сили ослободија повеќе од 600 населби од руската окупација во изминатиот месец, вклучително и 75 во стратешки важната област Керсон, соопшти украинското Министерство за реинтеграција на привремено окупираните територии.

Киев: За еден месец беа ослободени повеќе од 600 населби

Околу 502 населби се ослободени во североисточниот регион Харков, каде што украинските сили напредуваа длабоко во руските линии минатиот месец, соопшти украинското министерство.

Тој наведува и дека се ослободени 43 населени места во регионот на Доњецк и седум во регионот на Луганск, пренесува Ројтерс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.