Кина и Америка продолжуваат со војната

Кина и Америка продолжуваат со војната,сега засега е од економска природа и е со царински мерки.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ѝ воведе царини на Кина, кои изнесуваат 10 отсто на стоката увезена од таа земја во вредност од 200 милијарди долари.
Тој предупреди во соопштението дека ако Кина воведе контрамерки за американските фармери и индустрија, тој „веднаш ќе премине на третата фаза” и ќе воведе дополнителни царини за увоз на стоки во вредност од 267 милијарди долари.
Кина ги разгледува плановите за испраќање делегација во Вашингтон, по одлуката на САД, која го зголеми ризикот за проширување на трговскиот спор помеѓу двете најголеми економии во светот.
Официјален претставник за безбедност на пазарот рече дека постапките на САД нема да влијаат на Кина бидејќи Пекинг има бројни средства за спроведување фискални и монетарни политики за да се спротивстави на влијанието на мерките на Вашингтон.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.