Кина повикува на мир и воздржаност по заканите Северна Кореја

Loading...

Кина во петокот повика на мир и воздржаност откако Северна Кореја се повлече од сите договори за ненапаѓање со Јужна Кореја и се закани со термонуклеарна војна.

 
„Кина ги повикува сите страни да го сочуваат мирот, да бидат воздржани и да се откажат од какво и да е дејствување коешто би можело да ги влоши тензиите”, изјави Хуа Чунјинг, портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи.
Изразувајќи ја кинеската загриженост поради ескалацијата на напнатоста на Корејскиот полуостров, портпаролката рекла дека резолуцијата 2094 на Советот за безбедност при Обединетите нации за воведување на новите санкции за Северна Кореја е „избалансирана”. Резолуцијата беше прифатена едногласно, значи и со согласност на Пекинг. На носењето на резолуцијата му претходеше тринеделно советување меѓу САД и Кина по нацрт-резолуцијата.
Кина, којашто е главната сојузничка на Северна Кореја, повика на продолжување на преговорите на шестката (двете Кореи, Русија, Кина, САД, и Јапонија) за нуклеарната програма на Пјонгјанг кои уште стојат на мртва точка, додаде портпаролката Хуа.
Претходно во петокот, севернокорејската државна новинска агенција KCNA пренесе дека властите во Пјонгјанг донеле одлука дека се повлекуваат од сите договори за ненапаѓање постигнати со Јужна Кореја со коишто по Корејската војна од 1950 до 1953 година беше постигнато примирје. Исто така, прекината е и директната телефонска комуникација меѓу двете земји, односно ткн „црвен телефон” за брзо контакт меѓу двете земји за разрешување погранични инциденти. Овие одлуки Пјонгјанг ги донесе само неколку часови откако Советот за безбедност при ОН ги усвои новите санкции.
Макфакс
Кина во петокот повика на мир и воздржаност откако Северна Кореја се повлече од сите договори

loading...