Кина подигна повеќе од 100 авиони за време на воените вежби во близина на Тајван

Кина ангажираше повеќе од 100 авиони и 10 бродови во воени вежби со боева муниција околу Тајван во текот на изминатите два дена.

Источната воена команда на кинеската војска ги истрела проектилите, за кои претходно соопшти дека точно погодиле цели во Тајванскиот теснец.
Според воени претставници, дел од проектилите истрелани во Пацификот го прелетале Тајван.
Кина подигна повеќе од 100 авиони за време на воените вежби во близина на Тајван

Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа денеска објави дека авиони-ловци и бомбардери, како и уништувачи и фрегати, оперираат во шест зони во близина на брегот на Тајван за време на „заеднички операции за блокада“.

Источната воена команда на кинеската војска ги истрела проектилите, за кои претходно соопшти дека точно погодиле цели во Тајванскиот теснец.

Според воени претставници, дел од проектилите истрелани во Пацификот го прелетале Тајван.

Тајпеј покрена воена тревога и одржа вежби за цивилна одбрана, летовите беа откажани или пренасочени, а рибарите останаа во пристаништата. Сепак, севкупната атмосфера денеска е мирна.

Пекинг ги најави воените вежби откако претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси пристигна во посета на Тајван, и покрај противењето и предупредувањата од Кина.

Кина го смета Тајван за своја одметничка провинција и се спротивставува на секој дипломатски контакт на тајванските власти со други земји.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.