Кина ќе гради уште еден носач на авиони

Loading...

Кина има намера да гради уште еден носач на авиони кој би бил поголем од оној кој е во состав на нејзината поморска флота, изјави заменикот началник на штабот на воената морнарица, Сок Суе.„Кина ќе има повеќе од еден носач на авиони… Идниот носач треба да биде поголем и да носи повеќе авиони“, изјави Сонг на свеченоста на којашто присуствувале и странски воени претставници.Рекол дека медиумските шпекулации дека носачот се гради во Шангај не се точни, но не сакал да даде дополнителни детали, пренесува државната агенција Синхуа.Кина во моментов во составот на својата воена морнарица го има носачот на авиони „Лиаонинг“ кој всушност е поранешен советски носач кој Кинезите од Украина го купија како старо железо и потоа го модернизираа.Минатиот пекинг Кина објави дека првпат својот единствен носач на авиони „Лиаонинг” го испраќа на отворено море. Носачот на авиони „Лиаонинг” кој е купен употребуван од Украина и опремен во Кина, веќе има извршено повеќе од стотина вежби и проби откако беше преземен минатата година.Иако се смета дека со децении заостанува зад американската технологија, носачот „Лиаонинг” ги демонстрира кинеските поморски амбиции и е во центарот на кампањата на властите во Пекинг за поттикнување на патриотизмот.Кина има намера да гради уште еден носач на авиони кој би бил поголем од оној кој е во состав на нејзината поморска фл

loading...
Loading...