КИНДЕР ОБЛАНДА СО БИСКВИТИ! Познатото благо подготвено на необичен начин!

Loading...

Состојки:
1 помала обланда
350 гр шеќер
100 мл вода
250 гр маргарин
200 гр млеко во прав
200 гр чоколадо
150 гр бисквити


Подготовка:
Измешајте шеќер и вода и ставете го на тивок оган да се загрее. Кога ќе зоврие, варете 2 минути. Додадете маргарин во врелата смеса, вратете на рингла и промешајте да се стопи. Потоа додадете млеко во прав. Изматете со миксер за да ги растурите грутките. Поделете го филот на половина. Еден дел од филот останува ист.
На другиот дел додадете чоколадо. Мешајте да се стопи чоколадото. Скршете ги бисквитите на помали парчиња и додајте ги во двата фила. Промешајте.
Стандардно пополнете ги листовите обланда со коцките свртени нагоре. Првиот лист премачкајте го со жолт фил … Следниот лист со црн фил. Така наизменично додека не се потроши материјалот.
Притиснете ја обландата со тежок предмет и оставете да се олади и зацврсти.
Исечете парчиња со саканата големина и послужете.
Пријатно!

loading...