Кинезите едвај дишат

Главниот град на кина Пекинг, во кој живеат околу 20 милиони луѓе, завиен е во густ смог поради кој им се советува на граѓаните да не ги напуштаат своите домови или дколку мораат да го направат тоа, да носат обавезно маски. Поради смогот е намалена и видливоста, па затоа и сообраќајот е отежнат.
Концентрацијата на честичките на пречник помал од 2,5 микрометри во воздухот, во некои зони во градот е дури 993 микрограми по кубен метар, а дозволено е 20. Честичките би можеле да поминат низ плуќата и да продрат до крвта и затоа луѓето, кои мора да идат на работа, во продавница и на училиште, носат маски и едвај дишат.
 Инаку, Кина која има најголем пазар на автомобили, загрозена е од загаденост од индустријата и зголемувањето на сообраќајот. Тој црпи 70 проценти од енергијата од јагленот, кој е најголем загадувач и водечки предизвикувач за создавање ефект на стаклена градина.
Големото загадување на воздухот во Пекинг и во неколку кинески градови, предизвика коментари во медиумите и на интернет. „Да се изгради убава Кина, значи да се почне да се диши убав воздух“, пишува на насловната страна на „Чајна Дејли“.

Loading...