Кинезите ќе се жалат кај ФИФА за трансферот на Дрогба

Loading...

Кинескиот клуб Шангај Шенхуа ќе се жали кај Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) поради преселбата на Дидие Дрогба во Галатасарај.

Репрезентативецот на Брегот Слонова коска, минатиот месец го напушти шангајскиот тим, а Шенхуа се жали дека тој ги прекршил условите од договорот.„Располагаме со докази со кои имаме 99 отсто шанси да го добиеме спортот“, изјавил клубскиот адвокат. Правниот тим на Шангај Шенхуа жалбата до ФИФА ќе ја поднесат во среда. Кинезите истакнуваат дека поседуваат докази кои потврдуваат дека Дрогба го прекршил договорот и дека Галатасарај не постапил според правилата на ФИФА кога на напаѓачот му понудил ангажман. Поранешниот играч на Челзи, со Галатасарај потпишал 18-месечен договор вреден 13,5 милиони долари. Дрогба во јуни минатата година се Шенгај Шенхуа потпиша две ипол годишен договор за неделан плата од 300.000 долари. Дрогба во саботата со гол и асистенција дебитираше за Галатасарај во победата над Акхисар од 2:1.
Макфакс
Кинескиот клуб Шангај Шенхуа ќе се жали кај Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) поради п

loading...