Кинез ги открил тајните на долговечноста и живеел два ипол века

Кинезот Ли Чинг-јуен бил извонредно долговечен и неговиот животен век кој траел 256 години повеќе наликува на легенда, пишуваат тамошните медиуми. 

Кинез ги открил тајните на долговечноста и живеел два ипол века

Според написите, Ли Чинг-јуен се родил во 1677, или според некои тврдења во 1736 година, година во Чичјансјан во покраината Сечуан. Поголемиот дел од животот го минал во планините на Сечуан, каде собирал лековите билки и ги открил тајните на долговечноста. Починал во 1933 година на возраст од 256 години, или сепак на 197 години.

Во 1748 година, која Ли има 71 година, се преселил во Каисјан, за да ѝ се приклучи на војската како учител за боречки вештини и како воен советник. Во 1927 година, што е 179 години подоцна, Ли го посетил 43-годишниот генерал Јен Сен во провинцијата Сечуан, а овој бил одушевен од неговиот „младешки изглед“ и неговата сила и смелост. При посетата на генералот, е направена најпознатата, ако не и единствената фотографија на Ли Ченг-јуен.

Подоцна во своите мемоари генералот Сен ја опишал појавата на својот 250-годишен гостин како „Имаше добар поглед и брз чекор, неговиот раст изнесуваше седум стапки, имаше многу долги нокти и заруменето лице“.

Ли имал 200 деца од 24 жени, од кои 23 надживеал, а 24-та ја оставил вдовица која тогаш имала само 60 години, кажува кинеското предание. Но се напомнува дека своевремено на почетокот од XX век повеќе луѓе го истражувале тврдењето на Ли и тврделе дека виделе документација која потекнувала од периодот на владеењето на царот Канг Каин, вториот император од династијата Манчу. Се истакнува, исто така, дека во младоста Ли Чанг-јуен работел како аптекар и за време на неговото истражување на лековите билки на планината Јунан, открил билки на кои најверојатно се должела неговата долговечност.

На прашањето за тајната на неговата долговечност, тој одговарал „Држете го срцето тивко, седете како желка, одете бодро како гулаб и спијте како куче“. Веројатно станува збор за важноста од одржување на мирна ментална состојба на човекот и значењето на квалитетниот сон.

Неговите современици запишале дека им било познато само оти во текот на животот Ли применувал специјална техника за дишење чигонг, и оти пиел еликсир од билки, за кој рецептот е загубен или за него воопшто не оставил запис.

Неговиот случај на долговечност бил како сензација регистриран на 2-ри октомври 1929 година, кога весникот Pittsburgh Press објавил репортажа во која пишува „Маж, на 252-годишна возраст е пронајден во рурална Кина, вели дека ја открил ‘фонтаната на вечната младост’ и надживеал 23 жени’ и се забележува дека во тој момент бил постар еден век од Соединетите држава.

Во написот од пред речиси едно столетие се истакнува дека на двапати империјални власти на Кина, по повод неговите 100-ти и 200-ти родендени од локалното население добивале петиции да му одадат специјални привилегии, и оти за барањето од 1777 година постои документ во империјалната евиденција. Соговорник на весникот бил извесен доктор Ву од Сечуан кој на падините на Јунан го истражувал митскиот феномен на долговечниот Ли додека тој сé уште бил жив. Тој забележал дека Ли се сеќавал „свежо“ на настани кои се случиле пред 150 години.

Во 1993 година во американскиот дневен весник The New York Times била објавена куса вест „Ли Чинг-јуен, жител на Кајхсиен, во покраината Сечуан, кој тврдеше дека е еден од најстарите луѓе на светот, роден 1736 година, кој ќе наполнеше 197 година, почина денеска“.

Многу кинески научници го испитувале случајот на Ли и некои од нив забележале дека тој тврдел оти човек кој може да го контролира внатрешниот душевен мир би можел многу лесно да живее најмалку сто години.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.