„Кинеска девојка“ продадена во Лондон за милион фунти

Loading...

Сликата „Кинеска девојка“ на јужноафриканскиот уметник Владимир Третчикоф , претставена како едно од најрепродуцираните дела на светот, е продадена во средата на наддавање во Лондон за речиси милион фунти.Сликата ја купил челникот на компанијата „Graff Diamonds Intrenational“, британскиот трговец и произведувач на накит Лоренс Граф за 980.050 фунти, повеќе од двојно од првично проценетата вредност, соопшти аукциската куќа Bonhams којашто го организираше наддавањето.Шефот на одделот за комуникации и маркетинг на Bonhams, Џулиан Руп за агенцијата AFP изјавил дека ова продажба претставува „нов рекорд за Третчикоф“.Сликата, настаната во 1953 година, на којашто е прикажана млада кинеска девојка со зелена кожа и усни во рубинова боја, ќе биде изложена во галеријата за јужноафриканска уметност на Граф во Стеленбош во близина на Кејптаун во Јужноафриканската Република.Според аукциската куќа Bonhams, сликата се смета за најрепродуцираното уметничко дело на светот, бидејќи додека Третчикоф бил живот продадени се половина милион репродукции на оваа слика од голем формат.Џулина Руп вели дека оваа продажба придонела да му се одаде признание на уметникот чиишто дела честопати се опишувани како „кич“.Владимир Третчикоф, руски доселеник во Јужноафриканската Република во 1946 година, е роден 1913 година во денешен Казахстан, израснал во Русија и Шангај, а почина во 2006 година во Кејптаун. Се смета за еден од комерцијално најуспешните уметници на сите времиња, во голем дел благодарејќи токму на сликата „Кинеска девојка“.Модел на уметникот била тогаш 17-годишната Моника Синг-Ли која ја забележал во пералницата на нејзиниот чичко во Си Поинт, крај Кејптаун.Во своите сеќавања издадени во 1973 година, Третчикоф вели дека тој ги ставил вградил своите срце и душа“ во сликањето оти се надева дека „ја фатил суштината на киенската женственост“.Третчикоф е самоук уметник кој сликаше реалистични мотиви. Уживаше голема популарност во широката јавност, меѓутоа критичарите често го нарекуваа „кралот на кичот“, иако од неговата фондација го опишуваат како „народен сликар“.
MaкфаксСликата „Кинеска девојка“ на јужноафриканскиот уметник Владимир Третчикоф , претставена како едно од

loading...
Loading...