Кинескиот парламент ќе ја најави ерата на претседателот Си Џинпинг

Loading...

Три илјади пратениците на кинескиот парламент ќе се соберат во текот на следната седмица во главниот град Пекинг за да го променат државното раководство, додека населението нестрпливо очекува тоа да ги исполни ветените реформи.Како што пишува во неделата AFP, на годишното редовно заседавање на Сенародниот кинески конгрес официјално за претседател на Кина ќе го прогласи 59-годишниот генерален секретар на Кинеската комунистичка партија, Си Џинпинг, кој беше избран во ноември, а за премиер ќе биде именуван 57-годишниот Ли Кечјанг.Оваа двојка ќе ги замени на челните функции во државата ќе ги заменат Ху Џинтао и Вен Џибао и ќе ја водат Кина следните десет години. Таа формалност го најавува доаѓањето на власт на помладите генерации кинески политичари, четири месеци откако Кинеската комунистичка партија ја најави борбата против корупцијата од широки размери во своите редови и подготвеноста да ги слушне своите граѓани кои и покрај спектакуларниот економски раст, се сѐ позагрижени за својата иднина.Делегатите кои веќе пристигнале од сите краишта на Кина, следните десет дена ќе заседаваат во Палатата на народот на Плоштадот на небескиот мир за да ги одобрат одлуките коишто веќе претходно ги донесе Комунистичката партија. Меѓу нив ќе бидат и тибетските претставници, кои, како што се очекува, ќе го осудат новиот бран на самозапалување на Тибет и ќе се одречат од Далај Лама, духовниот лидер на Тибетанците во егзил.
МакфаксТри илјади пратениците на кинескиот парламент ќе се соберат во текот на следната седмица во главниот град Пекинг

loading...
Loading...