Кипарскиот гувернер смета дека банките ќе загубат над 10 отсто од депозитите

Loading...

Кипарските банки би можеле да загубат над 10 отсто од својата база на депозити во само неколку недели, доколку се наметне данок на банкарски влогови, предупреди во вторникот гувернерот на централната банка на Кипар.„Доколку таквиот предлог закон биде усвоен, ќе сведочиме на одлив на депозитите од најмалку десет отсто во првите неколку денови“, предупреди гувернерот Паникос Деметриадес во денешниот настап пред парламентарната комисија за финансирање.Тој додаде дека Кипарската централна банка и Европската централна банка го преферираат предлогот со кој депозитите помали од 100.000 евра би биле изземени од плаќањето данок, што е во согласност со ставот, кој доцна во понеделникот го зазедоа и министрите за финансии на еврозоната.Владиниот нацрт закон за оданочување на банкарските депозити предвидува ослободување на данокот на штедните влогови до 20.000 евра.
МакфаксКипарските банки би можеле да загубат над 10 отсто од својата база на депозити во само неколку недели, доколку се наме

loading...
Loading...