Кипар го бира претседателот

Loading...

Во недела се отворени избирачките места во вториот круг од кипарските претседателски избори, во кој се соочуваат конзервативниот кандидат Никос Анастасиадес, кој важи како фаворит, и кандидатот на комунистите Ставрос Малас.
Овие претседателските избори на Кипар кој има претседателски систем, се одржуваат во екот на длабоката економска криза и застојот на преговорите за можното обединување на островот поделен од 1974 година на турски и грчки дел.
Медиумите, како и гласачите, последните денови постојано ги повикуваа гласачите да излезат на избирачките места, бидејќи во вториот круг се очекува помал одѕив отколку во првиот.
Главната тема на предизборната кампања беше тешката должничка криза на Кипар, Анастасиаедес е поборник на брзото постигнување договор со странските кредитори и договарање на финансискиот пакет од помош со Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија па на негова победа се надеваат и финансиските пазари и инвеститорите. Малас, од друга страна, пак, е многу попретпазлив во однос на воведувањето на строгите мерки за штедење кои би го следеле таквиот договор.
Анастасиадес, 66-годишен адвокат, во првиот круг од изборите освои 4 отсто од гласовите, наспроти 27 отсто, колку што освои Малас, 45-годишниот поранешенминистер за здравство. Како третопласиран од изборната трка испадна Јоргос Лиликас, кандидат на социјалистите, кој освои 24,9 отсто од гласовите и неговите гласачи најверојатно ќе го решат победникот во вториот круг.
Победникот ќе ја преземе власта во земјата која е погодена од тешка економска криза, на која ѝ се заканува банкрот и во која владее рекордна невработеност. Комунистите кој во овој мандат се на власт, се сметаат за главните виновници за ваквата ситуација по оттаму се смета дека победата на Малас е речиси невозможна.
Поради финансискиот крах на Кипар, би можело повторно д асе разгори должничката криза во еврозоната и оттаму инвеститорите ја посакуваат победата на Анастасиаедес, го ј е доследен поборник на меѓународните мерки за спас кои веројатно ќе дојдат во пакет со тешки услови,
Кипарските медиуми во неделата ситуацијата во земјата ја опишуваат многу црно и сметаат дека претседателот го очекува справување со ситуацијата во којашто кипарската економија минатата 2012 година потона за 3,5 отсто, а прогнозите ниту за 2013 година не се многу подобри.
Преговорите на кипарската влада и меѓународните кредитори за финансискиот пакет за спас траат веќе осум месеци. Според пресметките на Купар му е неопходна во моментов помош од околу 17 милијарди евра, од кои 10 милијарди евра за заздравување на банките кои се многу изложени на грчкиот долг 
Така, повеќедецениската главна тема, поделбата на островот на грчки и турски дел, на овие избори поради кризата целосно беше ставена во втор план.
Кога станува збор за преговорите околу повторното обединување на островот, прагматичниот Анастасиадес беше единствениот кој во 2004 година го поддржа планот на Обединетите нации за обединување, но на референдум го отфрлија кипарските Грци, меѓутоа го поддржаа кипарските Турци. Поради тоа Анастасиадес беше силно критикуван, но сега се надева да постигне согласност со другите политичари околу ова прашање.
МакфаксВо недела се отворени избирачките места во вториот круг од кипарските претседателски избори, во кој се соочуваат конзе

loading...
Loading...