КЛИЧКО ГО ПОДГОТВУВА КИЕВ ЗА НАЈЛОШО: Подготвуваме 1.000 грејни пунктови за жителите за зимата!

Водоснабдување е воспоставено во град кој пред војната имаше 2,8 милиони жители, а градоначалникот најави помош за граѓаните

Животот во Киев, главниот град на Украина, станува се потежок откако руското бомбардирање сериозно ја оштети електроенергетската инфраструктура, што го отежна снабдувањето со вода и струја во градот кој пред војната имаше 2,8 милиони жители!

Володимир Кудрики, шеф на државната компанија Укренерго, рече дека Украина се соочува со „огромна хуманитарна криза оваа зима доколку не спречи колапс во снабдувањето со електрична енергија предизвикан од непрестајните руски бомбардирања“.

Поправка е невозможно

Ситуацијата е критична. Ако продолжат руските напади, затемнувањата во Украина ќе стануваат подолги и подолги. Невозможно е да се поправи мрежата со брзината со која се уништува.

Пред последните напади наша главна цел беше да испорачаме енергија колку што им е потребно на граѓаните. Сега зборуваме дали системот воопшто ќе функционира – изјави тој за британски Гардијан.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека 40 отсто од електраните и трафостаниците биле уништени во руските напади. Колку е алармантна состојбата сведочи и најавата на Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, дека градските власти ќе подготват повеќе од 1.000 пунктови низ градот каде граѓаните ќе можат да дојдат да се загреваат.

– Реагиравме поради реалната опасност да се оневозможи парното греење поради продолжувањето на руските напади – изјави Кличко, поранешен светски шампион во бокс.

Во Киев веќе е воведена рационализација на потрошувачката на електрична енергија. Градоначалникот најави дека се разгледуваат различни сценарија поради непредвидливоста на руските напади:

Најлошо е таму каде што воопшто нема да има струја, вода или парно. За тоа сценарио подготвуваме повеќе од 1.000 грејни тела низ градот. Локациите ќе бидат опремени со агрегати и ќе имаат залихи од потребите како што е вода – додаде Кличко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.