КОБИ И ЏИЏИ ЗАСЕКОГАШ: Светот преплавен со мурали на легендата

Loading...

Секојдневно се зголемува бројот на мурали во чест на трагично загинатиот Коби Брајант и неговата 13 годишна ќерка Џиана. Осамнуваат на многу локации во САД, но и на останатите континенти, особено во Азија.
Веста за трагедијата во Калифорнија во недела ја шокира планетата. Во неверување, луѓето останаа без зборови и не сакаа да поверуваат во тажната информација што со брзина на светлината се прошири насекаде.


Неколку часа по несреќата, Арт „Артун“ Гозукчикјан, уличен уметник од Лос Анџелес почна да слика на ѕид на булеварот Вентура во градот и преку ноќ беше готов првиот мурал во чест на ѕвездата на лејкерси.
Тоа беше повод за уличните уметници да земат спрејови во рака низ целиот град. Џулс Мак, за неколку часа, на ѕидот на маркетот Пикфорд го наслика легендата Брајант како позира со Џиана со натпис „Коби и Џиџи засекогаш. Татино девојче“

loading...