Ковачевски до Николовски: Ние го браневме македонскиот идентитет во Брисел, вие молчевте!

Во моментов имаме Влада која што се грижи за националните интереси за достоинството на сите граѓани без разлика на тоа од која етничка, верска и национална припадност доаѓаат, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната собраниска седница во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеникот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски до Николовски: Ние го браневме македонскиот идентитет во Брисел, вие молчевте!

„Истото тоа се случи и во изминатиот период кога националните интереси на Република Северна Македонија согласно одлуките и резолуциите донесени во Собранието во највисокиот законодавен дом беа застапувани од страна на сите членови на Владата без разлика дали тие членови се Македонци, Албанци, Турци или од било која друга национална припадност. И тоа се потврди, минатата недела кога на принципиелен начин ние ги искажавме нашите ставови пред сите наши партнери во ЕУ и пошироко.“ порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски посочи дека таквиот однос не е случај и со ВМРО-ДПМНЕ и потсети на Резолуцијата усвоена од Европската народна партија која ги поддржува сите барања на Бугарија.

„Но тоа не може да биде еднакво на однесувањето на опозицијата на конгресот на ЕПП, но да не заборавиме беше донесена резолуција во која што се вградени барањата во однос на негирањата националниот и историскиот континуитет на Македонците и на носењето на таа резолуција присуствуваше делегација на високо ниво од вашата партија. Никаде не видовме ниту прес-конференција, во која сте се спротивставиле, ниту пак видовме записник, ниту говор, ниту нешто дека сте направиле против тоа и тоа ќе остане запаметено. Бидејќи лесно е некој да брани национални интереси тука, дома ама кога ќе треба да се бранат националните интереси пред 27 земји, тогаш очигледно на некого му е тешко, а тоа некој мора да го направи како што јас, претседателот на државата, коалиционите партнери и граѓаните на државата го направивме.“ заклучи претседателот Ковачевски.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.