Ковид-19 значително ги успорува „Фејсбук” и „Инстаграм”

Loading...

Kомпанијата „Фејсбук” објави дека за да се избегне загушувањето на интернетот во Европа, привремено ја намалила брзината на протокот на видео содржините на своите социјални мрежи „Фејсбук” и „Инстаграм”.
Мерката е резултат на големиот скок на користење на интернетот во време кога се воведуваат вонредни мерки ширум Европа, кои бараат работа од дома и изолација.
И компаниите „Нетфликс” и „Гугл” најавиле дека ќе го прилагодат системот на емитување на своите видо содржини на новонастанатата ситуација.


„Во ситуација кога милиони Европјани се навикнуваат на мерките на изолација, така што преку интернет работат, учат и се забавуваат, се заблагодаруваме на ‘Гугл’ и ‘Нетфликс’ на чекорите превземени за зачувување на несметано функционирање на интернетот за време на кризата Ковид-19″, изјавил комесарот за внатрешен пазар Тијери Бретон.
Европската комисија предходно ги повика провајдерите, операторите и корисниците на интернет услугите, во овие вонредни околности да го спречат загушувањето на мрежата.
На платформите за прикажување препорачано им е да понудат стандардни наместо HD содржини.
Kорисниците се повикани да ги прилагодат своите опции на намалување на потрошувачката на информации, така што ќе користат бежичен интернет и помала резолуција на содржините.
Во Европската комисија велат дека и покрај зголемениот пристап на интернет, во моментов нема загушување на мрежите во Европа, но повикуваат на претпазливост и надгледување на ситуацијата.

loading...