Ковид-19 се врати во Дебар: Нови 6 заразени, вкупно активни се 50

Loading...

Се зголемува бројот на заразени од ковид-19 во Дебар, чија вкупна бројка, со последните нови шест случаи, се зголеми на 102 лица.
Од вкупната бројка, оздравени се 48, четворица починаа, додека 50 се активни на болеста, од кои седум се на болничко лекување во болницата „8 Септември“ во Скопје.
Дека бројот на новозаболените ќе се зголемува претходно предупреди и градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, истакнувајќи дека главна причина за тоа е непочитувањето на мерките и протоколите од граѓаните и деловните субјекти.
Во статистиката на МВР се наведува дека во Дебар и Центар Жупа, во изминатото деноноќие, изречени се 7 прекршочни казни за неносење заштитна маска.

loading...